Кошаркарскиот клуб Партизан повтрди дека во клубот пристигнал Полјакот Матеус Понитка. 29. годишникот договорил двегодишна соработка, договор 1+1.
Понитка минатата сезона играше за Панатинаикос, каде имаше просек од 8,2 поени, 5,2 скока и 2,4 асистенции.
Зад себе има и фантастичен Евробаскет, каде ја предводеше Полска до полуфиналето, со просек од 13,4 поени со 5,7 асистенции и 5,3 поени по меч.
Особено блесна во четвртфиналето против Словенија, забележа трипл-дабл, еден од ретките во историјата на европските првенства.
Во својата кариера играше за Проком, Остенде, Зиелона Гора, Локомотива, Тенерифе, Зенит и Реџо Емилија.
Партизан и покрај бројните шпекулации пред Понитка само го официјализираше трансферот на Огњен Јарамаз, додека договорите со црно-белите ги продолжија Кевин Пантер, Зак Ледеј и Алекса Аврамовиќ.
Од друга страна, клубот го напуштија Данте Ексум, Матиас Лесор, Јам Мадар и Јанис Папапетроу.