Top Sport

Понижена е најголемата ѕвезда на Никси и тоа во „Медисон Сквер Гарден“

Легендарниот кошаркар на НБА тимот, Њујорк Никс – Патрик Јуинг доживеа голема непријатност во спортската сала која ја смета за свој дом.

Јуинг во „Медисон Сквер Гарден“ помина дури 15 сезони, од 1985 до 2000 година, но тоа не значи дека сите таму знаат за кого се работи.

Претставниците на обезбедувањето му барале обврзна дозвола за да го пуштат да влезе, а Јуинг бил вџашен што не знаат кој е тој.

„Мислев дека ова е моја зграда. Ме застанаа, ми бараа дозвола, ми бараа лична карта. Сите би требало да знаат кој сум јас, а тие ме апсат. Ќе му се јавам на господин Долан (сопственикот на Њујорк Никс“ и ќе го прашам `Да ли мојот број на дрес е закачен во салата?` Се чувствував ужасно затоа што ме уапсија“ бесно изјави Патрик Јуинг.

Информациите се дека бил чуван во затворена просторија се додека не стигнала информацијата за кого всушност се работи.

Јуинг е најдобриот играч на Никси на сите времиња по бројот на скокови, асистенции и украдени топки. За 15-те сезони во Њујорк просечно постигнуваше по 22,8 поени на меч, а имаше и ефект од 10,4 скока, 2 асистенции и 2,7 блокади по натпревар.

Scroll to Top