Top Sport

Дебито на Македонија на ЕП во фокусот на УЕФА

УЕФА препорачува 7 натпревари пред стартот на ЕП кое ова лето ќе се одржи на Стариот континент. Еден од тие седум натпревари е и дебито на македонската фудбалска репрезентација на ЕП – мечот кој пулените на Игор Ангеловски на 13. јуни со почеток од 18 часот треба да го играат против селекцијата на Австрија во Букурешт (Романија).

„Македонија загуби во квалификациската група за Европското првенство од Австрија, пред да ги помине Косово и Грузија во плеј-офот, за да заработи место на континенталниот собир, а ова е реванш. Австрија ја победи Македонија и дома и нагости, а со триумфот од 2-1 во Виена на 16. ноември 2019 година, со головите на Алаба и Лаинер, стигна до квалификацијата. Сепак, тоа ќе биде поинаку од доаѓањето во Букурешт. Првата ѕвезда на Македонија, капитен, најдобар играч и човек со најмногу репрезентативни настапи, Горан Пандев го постигна голот кој ја доведе земјата на Европско првенство – Дали 37-годишникот има уште еден или два историски голови во себе?“ – пишува на официјалната страна на УЕФА.

https://www.uefa.com/uefaeuro-2020/news/0267-11c70ba2d87d-9cb6bf4c2674-1000–seven-massive-euro-2020-games/

Освен дебито на Македонија на ЕП, во фокусот се и мечевите Турција – Италија, Финска – Данска, Англија – Шкотска, Шпанија – Полска, Франција – Португалија и Унгарија – Германија.

Scroll to Top