Top Sport

Попович: Кога ќе загубите меч не сте изненадени, разочарани сте!

Кошаркарската репрезентација на Франција со 83:76 денеска ја совлада селекцијата на САД на кошаркарскиот турнир на ОИ во Токио.

Беше тоа лошо издание на Американците, со многу грешки и неефикасен напад. Избраниците на Грег Попович во третата четвртина постигнаа само 11 поени, но и покрај тоа, сепак имаа голема шанса за победа.

На 3:40 минути пред крајот Дурант и другарите поведоа со 74:67, но следуваше серија на Французите од 9:0, со која на влезот на последната минута дојдоа до 76:74.

Во следниот напад репрезентативците на САД имаа дури 4 шута, од нив три за три поени, два на Дурент и еден на Холидеј, додека еднаш под обрачот непрецизен беше Адебајо.

По мечот селекторот Грег Попович порача дека е разочаран, но не е изненаден.

„Кога ќе загубите натпревар, не сте изненадени. Разочарани сте. Не го разбирам зборот `изненаден`. Тоа не е чесно против Франција, како да сме требале да ги победиме 30 разлика. Франција е ѓаволски сјајна екипа. Немојте да се чудите поради овој пораз. Има многу сјајни тимови во светот, составени од НБА играчи. Јазот меѓу Америка и остатокот од светот се намалува секоја година“ рече Попович.

Инаку, денешниот е прв пораз за кошаркарската селекција на САД на Олимписки игри уште од далечната 2004 година, на Игрите во Атина.

Scroll to Top