Top Sport

Попович на располагање ќе има „дрим тим“ вреден 2.6 милијарди долари

Кошаркарската репрезентација на САД делува импресивно кога ќе се види играчкиот кадар. Момците кои ќе го бранат олимпиското злато во Токио се „тешки“ 2.6 милијарди долари.

Порталот „Clutchpoints“ до овој податок дојде на основа на актуелните договори на НБА ѕвездите.

Во составот на Грег Попови се најдоа имињата на : Кевин Дурант, Демијан Лилард, Дејвин Букер, Џејсон Тејтум, Бредли Бил, Крис Мидлтон, Зек Левин, Бам Адебајо, Дрејмонд Грин, Џру Холидеј, Кевин Лав и Џерами Грант.

Конкуренцијата беше пеколна, список од 57 да се сведе на 12 имиња не е едноставно, па иако во составот ги нема Леброн Џејмс, Ентони Дејвис и Стеф Кари, сепак Американците се први фаворити за златото.

Планирано во составот на Попович беше да настапи и Џејмс Харден, но поради повреда отпадна. Ѕвездата на Феникс Санс, Крис Пол пак не е меѓу 12-те патници за Токио затоа што се уште игра плеј оф со „сонцата“

Scroll to Top