Top Sport

Попович за Јокиќ: Никола е Лери Бирд од 214 сантиметри!

Уште една добра партија на Никола Јокиќ во дресот на Денвер Нагетс ноќеска против Сан Антонио Спарс и победа од 102-96. Српскиот центар мечот го заврши со 32 поени, 16 скока и 7 асистенции.

На ова негово издание рамнодушен не остана ниту легендарниот НБА тренер, Грег Попович.

„Тој е навистина спектакуларен играч, интересен и поинаков поентер. Никола е Лери Бирд од 214 сантиметри. Начинот на кој поминува, ги `чита` работите, неверојатен е“ рече Попович по мечот.

Scroll to Top