Top Sport

Матераци за Џеко: Секаде каде што беше ја правеше разликата!

Легендарниот дефанзивец на Интер, Марко Матераци го најави неделното дерби со Серија А – Интер против Јувентус, а притоа направи споредба со актуелниот напаѓач на „Нероазурите“, Един Џеко и првиот голгетер на тимот од „Џузепе Меаца“ од минатата сезона – Ромелу Лукаку.

„Ромелу е феномен, но само во италијанската лига. Џеко е феномен со други карактеристики, но тој е специјален и во Англија и Шпанија, каде и да беше, ја правеше разликата. Јасно е дека со 35 години не може да игра на контри, но добро се сеќавам на периодот додека го носеше дресот на Волфсбург“ изјави Матераци.

Во врска со „Дербито на Италија“:

„Победуваме со 3:1, за стрелци да не претеруваме, јас сум луд за Џеко и Лаутаро“.

Scroll to Top