Легендарниот тренер Грег Поповиќ нема да се врати на клупата на Сан Антонио оваа сеозна. Оваа информација ја пренесе новинарот на ЕСПН, Шамс Чаранија. За потсетување, Поповиќ се опоравува од мозочниот удар што го доживеа во ноември.
Иднината на славниот тренер останува неизвесна, а информациите за неговата состојба се многу ограничени. Последната информација за тренерот се појави во декември, тогаш Спарс објавија дека Поповиќ работи на неговата рехабилитација.
Ова е уште еден тежок удар за Спарс оваа недела, бидејќи тие веќе го загубија суперталентираниот центар Виктор Вембањама до крајот на сезоната поради длабока венска тромбоза на десното рамо.
Со 76 години и во својата 29. сезона како тренер на Спарс, Поповиќ најстариот и тренер со најдолг стаж во НБА.
Поповиќ е петкратен шампион во НБА, го држи рекордот за најмногу победи во историјата на лигата, три пати беше прогласен за тренер на годината и беше примен во Куќата на славните во 2023 година.
Сан Антонио моментално има скор од 24-30 и мали шанси да се бори за место во плејофот.