Top Sport

Поповиќ: Кога ги гледав југословенските играчи се чувствував како во слаткарница

Грег Поповиќ, тренерот на Сан Антонио Спарс, открил зошто е еден од стручњаците што им веруваат на неамериканските кошаркари.

Во изминатите две децении голем број на играчи од Европа и Јужна Америка го носеле или се уште го носат дресот на Сан Антонио.

„Во светот има многу добри кошаркари, а мене тоа ми стана јасно уште во 80.години на минатиот век. Тогаш, заедно со Дон Нелсон, бевме единствените тренери од НБА лигата присутни на Европско првенство“, рекол Поповиќ споделувајќи што видел тогаш.

„Ги гледав сите натпревари…Руската репрезентација, Југославија за која тогаш играа Владе Дивац, Дино Раџа, Тони Кукоч и останатите. Се чувствував како во слаткарница и се прашував каде играат тие момци и зошто не се во НБА лигата. Кога дојдоа на сите им стана јасно колку можат да ја збогатат нашата игра“.

Поповиќ (69) е петкратен НБА шампион со Сан Антонио (1999, 2003, 2005, 2007, 2014).

Scroll to Top