Top Sport

Поповиќ: Критиките се незрели, арогантни, луди

Селекторот на репрезентацијата на САД, Грег Поповиќ, изјавил ги нарекол луѓето кои го критикувале националниот тим поради неуспехот на Светското првенство во Кина „незрели и арогантни“.

Американците во Кина го освоија седмото место, што е најлош пласман за оваа репрезентацијата во историјата на Светските првенства.

„Некои луѓе секогаш бараат виновници. никој овде не е виновен. Тие сакаат да ни натоварат чувство дека треба да се срамиме бидејќи не го освоивме златниот медал. Тоа е луд став, тоа е незрело и арогантно, тоа е непочитување за сите останати репрезентации во светот. Не ги почитуваа момците кои дадоа се од себе“, рекол Поповиќ.

Искусниот тренер рекол дека е задоволен од однесувањето на играчите за време на подготовките и самото првенство.

„Нивниот труд беше фантастичен. Ни дозволија да ги учиме. Морате да го почитувате она што момците го направија. Нема збор за некаков срам и вина. Тоа е лудо“, заклучил еден од најдобрите тренери во историјата на НбА-лигата.

Scroll to Top