Top Sport

Поповиќ воодушевен од Дончиќ: Замислете си што ќе беше Југославија да не се распаднеше

Далас Маверикс го совладаа Сан Антонио 104:99, откако успеаја да се вратат по негативата од 20 поени. Творец на пресвртот беше Лука Дончиќ, постигна 25 поени, 10 од нив во последната четвртина.

По завршувањето на натпреварот, Дончиќ на теренот доби честитки од легендата на НБА лигата, тренерот на Сан Антонио, Грег Поповиќ.

„Замислете си што ќе беше Југославија да не се распаднеше, да беа овие момци во ист тим. Тоа ќе беше возбудливо, Словенци, Хрвати, Срби, Босанци. Дончиќ ме потсеќа на тоа. Секој играч тој дел е одличен. Во НБА се исклучително добри. Се сеќавам на Дивац, Паспаљ, Кукоч, Петровиќ“, рекол Поповиќ и дополнил.

„Сепак една друга работа ме тера на размислување, како можеш да станеш толку добар во една мала земја. Знам дека не „одеше“ по терените во Њујорк, Чикаго или Лос Анџелес, каде конкуренцијата е огромна. Значи морате да му се поклоните, а Американците тоа често забораваат да го направат. Прекрасно е што една мала земја каква што е Словенија има еден толку добар, голем играч“, заклучил Поповиќ.

Scroll to Top