Поранешниот кошаркар на Реал Мадрид, Маркус Слотер ќе одговара за фалсификување на пасошот во 2015 година.
Случајот е оформен во судот во Мадрид, судењето ќе започне наскоро, пишува „Ла Вангардија“.
Локалните власти веќе неколку години го бараат Слотер, како и поранешниот играч на Хувентуд, Енди Панко, кој исто така е вмешан во случајот.
На барање на Барселона, во летото 2023 година, судот најде начин да ги пронајде двајца кошаркари и да им ја достави судската покана.
Инаку, Слотер го доби пасошот за Екваторијална Гвинеја во 2015 година, само неколку дена пред почетокот на Купот на кралот.
Ова беше направено за да може да настапува како домашен играч.
Подоцна било откриено дека информациите во пасошот биле лажни. Слотер и Панко имале ист број на пасош – A001686.
Дополнително, недостасувале страниците 45 и 46, а како што се наведува, документите се фалсификувани и цели страници во биографиите биле изменети.
Амбасадата на Екваторијална Гвинеја призна дека документите се лажни, а случајот е пролонгиран.
За да ги добијат пасошите, Слотер и Панко претходно признаа дека му платиле по 35.000 евра во кеш на Ричард Нгуема, поранешен член на Реал Мадрид, кој имал контакти во владата на Екваторијална Гвинеја.
Обвинителството бара 16 месеци затвор за обвинетите.
Инаку, Реал во 2015 година ги освои шампионатот и Купот, па поради тоа во случајот активно се вклучи и Барселона, која бара да му биде одземена титулата на Реал, доколку Слотер биде прогласен за виновен.