Top Sport

Вознијацки првпат ја победи Венус за најголема титула во кариерата

Каролине Вознијацки ја круниса својата одлична игра во финишот на сезоната со убедлива 6:4/6:4 победа над ветеранката Венус Вилијамс во финалето на ВТА финалето во Сингапур, стигнувајќи до најголемиот трофеј во својата кариера. Резултатот можеше да биде и поубедлив, откако Данката поведе со 5:0 во вториот сет пред фантастичниот

27-годишната Данка во кариерата беше и светска тенисерка број 1, меѓутоа нема ниту една гренд слем титула, а во првиот настап во финалето на завршниот турнир кај дамите, загуби од помладата сестра на Венус, Серена Вилијамс во 2010 година. Во Сингапур, Вознијацки лесно ја мина групата, по што во полуфиналето исто толку беше импресивна против Каролина Плишкова.

Пред овој меч, Вознијацки ја немаше победено 37-годишната Вилијамс во седум меѓусебни дуели и имаше освоено само еден сет. За ветеранката ова е мало разочарување, откако беше поразена и во финалињата на Австралија опен (од својата сестра Серена) и на Вимблдон (од Гарбиње Мугуруза). За Вилијамс ова беше трет настап во финалињата на ВТА финалето, по титулата во 2008 и поразот во 2009 година.

Финалето во двојки беше далеку понеизвесно, откако Унгарката Тимеа Бабош и Чехинката Андреа Хлавацкова се вратија од сет негатива за 4:6/6:4/10:5 победа над Холанѓанката Кики Бертенс и Швеѓанката Јохана Ларсон. Во полуфиналето во саботата, Бабош и Хлавацкова ставија крај на кариерата на Мартина Хингис, победувајќи ја со партнерката Чен Јунг-Џан.

„Мислам дека нашата игра добро се надополнува. Тоа е клучот на успехот. Игравме навистина добро оваа недела“, вели 24-годишната Бабош по петтата заедничка титула со Хлавацкова во 2017 година.

Scroll to Top