Top Sport

Поради секс скандал познат универзитет остана без титулата

Раководството на американската НЦАА лига му изрече жестока казна на универзитетот Луисвил поради секс скандалот во кој учествувале и кошаркари на овој тим.

Лигата реши на пополарните Кардиналс да им ги одземе сите победи остварени во периодот од 2011 до 2015 година. Поради казната Луисвил Кардиналс остана без НЦАА титулата освоена во 2013 година.

Луисвил е драстично казнет поради секс скандалот во кој учествувале играчите на универзитетот, односно на кошаркарите кои Кардиналс сакале да ги донесат им биле плаќани услуги на ескорт дами и проститутки за време на нивните посеи на кампот. Универзитетот ова го правел со цел за да ги обезбеди услугите на кошаркарите.

НЦАА правилата најстрого забрануваат играчите да имаат било какви бенивиции кога одлучуваат на кој универзитет ќе го продолжат школувањето.

Покрај тоа што на Луисвил му се одземени сите победи од 2001 и 2015 година, универзитетот ќе мора да плати и парична казна во износ од 600.000 долари.

Треба да се истакне дека во септември минатата година долгогодишниот тренер на овој универзитет Рик Питино мораше да поднесе оставка пораид нелегално регрутирање на кошаркари.

Членовите на тимот од 2013 година кои ја освоија НЦАА лигата се денес добро познатите Рас Смит, Пејтон Силва, Џоргуи Диенг, Монтрезл Харел.

Scroll to Top