Top Sport

Ново натпреварување на УЕФА – летна Лига на шампионите

УЕФА планира да организира ново натпреварување, односно турнир што би се играл во летниот период и би потсетувал на Лигата на шампионите.

Изминатите неколку години во текот на летниот период најдобрите светски клубови во рамките на Интернационалниот Куп на шампионите играа серија на пријателски натпревари.

Планот на УЕФА е овие пријателски натпревари со помош на Американците да ги претвори во вистинско натпреварување.

Американците би биле на чело на новото натпреварување. Тие би добиле дозвола од УЕФА, а клубовите учество ќе обезбедуваат преку домашните шампионати. Во првите осум години ова натпреварување би се играчо во САД и можеби во Азија.

Планот бил во првата фаза да бидат формирани групи со по три тима, а потоа би следувала нокаут-фазата. Клубовите би биле обврзани да настапат со најсилните состави.

Премиерното издание на оваа летна Лига на шампионите би можело да се случи веќе за неколку месеци. Разгледувана била идејата на европските клубови да им се приклучат и најдобрите тимови од Јужна Америка.

УЕФА со новото натпреварување влегува во отворен судир со ФИФА. Светската куќа на фудбалот за наредната година најави организација на Светско клупско првенство со 24 екипи, од кои 12 ќе бидат од Европа.

Scroll to Top