Американскиот кошаркар Пи Џеј Дозир е новиот кошаркар на белградски Партизан. 26. годишниот играч, кој игра како бек и ниско крило, потпиша едногодишен договор со црно-белите.
Дозир во кариерата беше член на неколку НБА тимови од 2017 до 2023 година, а во овој период играше и во Џи-лигата. Кариерата ја започна во Оклахома Сити Тандер, а потоа играше во Бостон Селтикс.
Сепак, Дозир несомнено остави најдобар впечаток во редовите на Денвер Нагетс, актуелниот шампион на најсилната лига во светот. За Нагетс играше од 2019 до 2022 година. Најдобра сезона за него беше 2020/2021 година, во која на 50 натпревари имаше просек од 7,7 поени и 3,6 скока. Може да игра како бек шутер и ниско крило.
Последниот ангажман во НБА, Дозир, поранешен студент на универзитетот Јужна Каролина, го имаше со Сакраменто Кингс.
Дозир е третото засилување за Партизан во преодниот рок, претходно во клубот пристигнаа Огњен Јарамаз и Матеуш Понитка.