Поранешниот НБА играч, шампион во 2006 година со Мајами Хит, а подоцна и интернационален играч во Европа, Дорел Рајт се сомнева дека Вилт Чембрлен навистина постигнал 100 поени на натпреварот против Њујорк Никс.
На 2 март 1962 година, легендарниот кошаркар на Филаделфија постигна неверојатни 100 поени (36/63 од два, 28/32 слободни фрлања) со 25 скока во победата над Вориорс од 169:147.
„Веќе видов многу видеа. Тој натпревар не е во „HD“ или ништо друго. Сè уште не сме го виделе тоа. Вилт, те сакам до смрт, но треба да го видиме материјалот. Сега сето тоа може да се најде во „HD“. Но, нема 100 поени“, рече Рајт, кој дел од кариерата мина и во АБА лигата, во Игокеа, во подкаст со Двејн Вејд.
100-те поени на Чембрлен се еден од најлегендарните рекорди во историјата на кошарката, но многу фанови, новинари и експерти се уште се сомневаат дека овој рекорд воопшто бил постигнат.
Втор на вечната листа е Коби Брајант со 81 поен, трет е Чембрлен повторно со 78, а по 73 имаат повторно Чембрлен (двапати), Лука Дончиќ и Дејвид Томпсон.