Иман Шумперт, кошаркарот кој со Кливленд има НБА титула е уапсен на аеродромот во Далас, откако во неговиот ранец била пронајдена марихуана. Кај него биле пронајдени нешто повеќе од 170 грама наркотици, по што бил лишен од слобода. Покрај тоа, пронајден е магацин од „Глок“ и 14 куршуми од девет милиметри, но не и пиштол.
Доколку биде прогласен за виновен, се соочува со потенцијална казна од две години затвор и парична казна од 10.000 долари.
Последниот ангажман на Шумперт во НБА беше кога потпиша десетдневен договор со Бруклин за кој одигра неколку натпревари во текот на регуларниот дел од сезоната 2020/21.
Во текот на кариерата играше за Сакраменто, Хјустон и Кливленд со кои освои прстен во 2016 година.