Top Sport

Ванда Нара се разведува од Мауро Икарди

Аргентинскиот репрезентативец Мауро Икарди и неговата сопруга Ванда Нара ќе се разведат. Контроверзната двојка која ги полнеше насловните страници секојдевно со бројни скандали, ќе се раздели.

Ова го признала Ванда Нара на своја блиска пријателка на која и испратила видео-порака. По грешка, видеото прво го објавила на Инстаграм, но брзо го избришала.

„Кармен, одам во Аргентина за да го финализирам разводот со Мауро. Ќе останам неколку дена и кога ќе се вратам ќе ви ги претставам сите потребни документи. Организирам се за разводот, затоа што не можам повеќе да издржам вака“, вели Ванда во видео порака испратена на својата пријателка.

Ванда веќе го избришала презимето Икарди од своите профили на социјалните мрежи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Wanda nara (@wanda_nara)

Scroll to Top