Top Sport

Поранешен освојувач на Евролигата е пред потпис на договор со Црвена звезда

Американецот Треј Томпкинс ќе го стави својот потпис на договорот со Црвена звезда. Томпкинс е поранешен играч на Реал, со кого во 2018 година ја освои Евролигата.

Томпкинс во Белград пристигна во саботата, медицинските тестови покажале дека има проблем со коленото и дека поради тоа би можел да дебитира за Црвена звезда за три недели.

Крилниот центар е без клуб од јуни минатата година кога му заврши договорот со Зенит. Тој е подготвен да игра за црвено-белите, кои првично ќе му понудат краткорочен договор, кој автоматски ќе биде продолжен, доколку „коцките се поклопат“.

Вечерва во 18 часот истекува рокот за регистрирање на нови играчи во Евролигата.

Треј Томпкинс, покрај европската титула, со Реал освои и четири титули во АЦБ лигата, три Купа на Шпанија и три Суперкупа.

Во НБА играше за ЛА Клиперс, откако беше драфтуван во 2011 година како 37. пик од Универзитетот во Џогдија. Во Калифорнија остана две години и одигра 24 натпревари.

На стариот континент играше и за Нижни Новгород и Зенит.

Scroll to Top