Top Sport

Поранешниот европски првак Босна пред гаснење

Поранешниот европски кошаркарски првак од 1979 година, КК Босна е пред гаснење и најверојатно нема да настапува во шампионатот на Босна и Херцеговина поради финансиски причини, објавуваат локалните медиуми.

„За жал тоа е горчливата вистина. Секоја година, односно секој месец очекуваме промени, но ситуацијата е навистина лоша. Побаравме помош од сите, од претседателството на државата до општината, но имаме помош само од Сараево. Нивните 15.000 евра, на кои сме им благодарни, не се доволни за опстанок“, вели претседателот на клубот, Алмир Брадиќ.

Scroll to Top