Поранешниот селектор на женската кошаркарска репрезентација на Шпанија, Лукас Мондело, поднел тужба против Сојузот и претседателот Хорхе Гарбахоса. Смета дека отказот што го добил бил незаконски.
Мондело, бара, Сојузот да го врати на работа или да му го исплати, во целост, договорот потпишан до 2024 година.
Хорхе Гарбахоса го смени Мондело по неуспехот на Олимписките игри во Токио. Шпанија на ОИ, исто како и Европското првенство не успеа да освои медал. Добил отказ бидејќи не ги исполнил спортските цели.
Мондело поднел тужби и против две кошаркарки, Ана Круз и Марта Шаргај. Искусните репрезентативки го обвиниле дека користел брутални методи на тренинзите, поради што имале здравствени проблеми.
Шаргај за „Ел Паис“, изјавила дека добила булимија додека и бил тренер во Динамо Москва, додека Круз тврди дека трофејниот тренер и го уништил животот.