Top Sport

Пораз на Далас во Аризона, Мајами без проблеми со Филаделфија

Најдобрите екипи на истокот и Западот, во регуларниот дел од сезоната, Мајами Хит и Финикс Санс, со победи ги започнаа полуфиналните серии против Филаделфија односно Далас Маверикс.

Финикс го победија Далас со 121:114. Во Аризона блескаше Лука Дончиќ со 45 поени, 12 скокови и осум асистенции. Словенецот не доби помош од соиграчите, поради што Далас запишаа пораз во првиот меч.

Финикс го предводеа Деандре Ејтон со 25 поени, односно Девин Букер со 23 поени, девет скока и осум асистенции.

Далас немаат победа над Финикс на последните десет натпревари.

Филадефија, без Џоел Ембид во составот, немаше одговор за Мајами Хит. Мајами славеа со 106:93. Тајлер Хиро со 25 поени и Бем Адебајо со 24 поени и 12 скокови се истакнаа во домашниот тим. Тобајас Херис со 27 поени ја предводеше Филаделфија, Џејмс Харден забележа 16 поени, девет скока и пет асистенции.

Scroll to Top