Јанис Адетокумбо го одигра најдобриот меч во сезоната, ги предводеше Милвоки до победата над Портланд 127:109. Изминатата ноќ во НБА лигата, забележителни настапи имаа Лука Дончиќ и Богдан Богдановиќ. Двајцата беа најефикасни во победите на своите екипи.
Портланд во ниту еден момент немаа решение за Јанис Адетокумбо. Грчкиот репрезентативец забележа 47 поени и 12 скокови во победата на Милвоки од 127:109. Јанис поддршка доби од Џру Холидеј (22 поени) и Крис Мидлтон (20 поени). Портланд го предводеше Демијан Лилард со 32 поени.
Атланта славеа во дуелот со Њу Орелеанс. Српскиот репрезентативец Богдановиќ беше најефикасен со 26 поени (6/11 тројки), на кои придодаде по седум скока и асистенции. По повредата Богдановиќ се враќа во форма, ова е негов трет натпревар во низа на кој постигнува 20 или повеќе поени.
Далас, без тренерот Рик Карлајл, лесно славеа над Њујорк Никс (99:86). Лука Дончиќ со 26 поени, осум скока и седум асистенции беше најефикасен на теренот.
Резултати:
Торонто-Голден стејт 130:77
Бостон-Хјустон 118:102
Индијана-Шарлот 97:114
Мемфис-Минесота 120:108
Јута-Чикаго 113:106
Финикс-Оклахома 140:103
Сакраменто-ЛА Лејкерс 94:115.