Top Sport

Портланд ќе тргне по Џими Батлер

НБА франшизата, Портланд Трејлблејзерс, се подготвени на голема размена на кошаркари, за да ги обезбедат услугите на Џими Батлер од Минесота Тимбервулвс.

Батлер, пред неколку дена, јавно побара да биде разменет во некој друг тим, незадоволен од тоа како стојат работите во Минесота. Според некои информации тиј имал исклучително лош однос со првата ѕвезда на Тимбервулвс, Карл-Ентони Таунс.

Портланд е еден од тимовите што сака да го донесе Батлер во своите редови, но за да стигнат до него, челниците на клубот немаат намера да се откажат од услугите на големата тројка (Демијан Лилар, Си-Џеј Мекалум и Јусуф Нуркиќ).

Според некои шпекулации Трејлблејзерс за Батлер ќе ги понудат Ал-Фарук Амину и Морис Харклис.

Џими Батлер, минатата сезона во дресот на Минесота во просек постигнуваше по 22 поени, на натпревар.

Scroll to Top