Top Sport

Роналдо ќе ја пропушти церемонијата на ФИФА

Кристијано Роналдо, вечерва нема да се појави на доделувањето на на наградите на ФИФА, поради што хрватските медиуми заклучиле дека Лука Модриќ ќе ја добие престижната награда.

„Никој од Јувентус нема да присуствува на церемонијата. Тимот во неделата вечерта се врати во Торино, а нов натпревар игра веќе в среда. Јувентус се заблагодарува на поканата, на која што не може да одговори“, рекла портпаролката на клубот, Енрика Тарчи.

Јувентус, синоќа, славеше кај Фросиноне со 2:0, а в среда ќе игра против Болоња, во рамките на шестото коло во Серија А.

Покрај Кристијано Роналдо, на церемонијата требало да присуствуваат тренерот Масимилијано Алегри и претседателот Андреа Ањели.

Во конкуренција за најдобар играч покрај Роналдо се уште Мохамед Салах од Ливерпул и Лука Модриќ од Реал Мадрид.

Овие тројца беа во конкуренција и за најдобар играч во Лигата на шампионите. Ова награда ја освои Модриќ, а на церемонијата ја пропушти Роналдо.

Scroll to Top