Во ноќта помеѓу понеделник и вторник, во НБА беа одиграни 15 натпревари. Портланд победи во Денвер со 118:110.
Денвер Нагетсите доминираа во првата четвртина, која ја добија со 31:19. Имаа и +14 во втората четвртина 48:34. Од тој момент, гостите ги зедоа работите во свои раце.
Во третата четвртина, дојдоа до предност 82:80, а пресвртот се случи во последната четвртина. Со серија од 15-4, Портланд дефинитивно го сврти натпреварот и не го испушти водството до крајот.
Авдија го предводеше натпреварот со 28 поени, пет асистенции и три скока. Лилард постигна 20 поени и запиша по шест скока и асистенции, додека Клинген (17 поени и 18 скока) и Холидеј (17 поени и 10 асистенции) запишаа по дабл-дабл.
Кај Денвер, Џамал Мареј беше најефикасен со 35 поени, тој запиша уште шест асистенции и пет скока, додека Никола Јокиќ го заврши натпреварот со 26 поени, девет скока и осум асистенции.
НБА резултати:
Кливленд – Оклахома 112:117
/Мичел 17 – Гилџес-Александер 43/
Филаделфија – Чикаго 126:107
/ Мекси 26 – Вилсон 24/
Шарлот – Детроит 91:124
/Милер 17 – Канингем 33/
Индијана – Атланта 104:108
/Хаф 22 – Александар-Вокер 34/
Њујорк – Бруклин 103:90
/Шемет 22 – Рендл 21/
Орландо – Вашингтон 94:103
/Вагнер 24 – Дејвис 27/
Далас – Сакраменто 100:115
/Клејтон 20 – Акуф 25/
Мемфис – Њу Орлеанс 134:135, по продолжение
/Џером 40 – Матковиќ 25/
Минесота – Милвоки 112:100
/Бол 34 – Хиро 21/
Хјустон – Бостон 109:93
/Шенгун 26 – Тејтум 19/
Сан Антонио – Јута 119:97
/Харпер 17 – Јута 22/
Денвер – Портланд 110:118
/Мареј 35 – Авдија 28/
Голден Стејт – Феникс 116:113
/Кари 34 – Букер 26/
ЛА Лејкерс – Мајами 138:117
/Дончиќ 42 – Адетокумбо 30/
ЛА Клиперс – Торонто 118:125
/Сандерс 26 – Квикли 27/.
Foto/ Depositphotos
