Кошаркарите на Оклахома Тандер победија, по едно продолжение, кај директниот конкурент за третата позиција на Западот. Тандер, во натпревар полн со тензии на крајот славеа 129:121.
Двата тима имаа можност да го решат победникот во регуларниот дел од натпреварот, меѓутоа Расел Вестбрук го „продаде“ последниот напад на Оклахома, а потоа Демијан Лилард не успеа да погоди со звукот на сирената.
Мечот го обележа и исклучувањето на Јусуф Нуркиќ. Играчите на Оклахома, особено Вестбрук, константно го провоцираа центарот на Портланд. Во финишот на мечот тој имаше вербален судир со Пол Џорџ, двајцата добија технички, а бидејќи на Нуркиќ му беше втора мораше да го заврши натпреварот.
Playoff intensity at the Rose Garden
Nurkic ejected with 2nd technical after headbutt, PG also charged with technical pic.twitter.com/w9RjRh5aGE
— Bleacher Report (@BleacherReport) March 8, 2019
Продолжението му припадна на Вестбрук кој постигна осум поени со што го скрши отпорот на Лилард и друштвото.
Демијан Лилард за Портланд одигра брилијантен меч, постигна 51 поен, на кои придодаде девет асистенции. Исклучениот Нуркиќ имаше учинок од 13 поени и 17 скока, а се истакна уште и Си Џеј Мекалум со 25 поени.
Вестбрук со 37 поени беше најефикасен кај Оклахома, пет поени помалку постигна Џорџ, кој имаше и 14 скока и шест асистенции.
Тандер со оваа победа стигнаа до третото место на табелата во Западната конференција со 40 победи и 25 порази. Портланд се веднаш зад нив со 39 победи и 26 порази.