Репрезентативците на Порторико со пресврт успеаја да изборат пласман во втората фаза на Светското првенство во Кина. Претпалднево започна третото коло во Кина, а покрај Порторико победи премиерни победи забележаа африканските селекции Ангола и Нигерија, додека Полска со максимален ефект патува во втората рунда.
Порторико успеа да го победи Тунис 67:64 (19:18,19:14,14:23,15:9) и во наредната фаза ќе одиграат две средби и тоа против Србија и Италија. Порториканците во финишот имаа негатива 57:62, но ја искористија лошата игра на Тунис и успеаја да победат. Балкман постигна 14, а Уертас 10 поени за Порторико.
Нигерија во целост ја оправда фаворитската улога против Јужна Кореја. Нигеријците победија 66:108 (15:17,16:32,19:30,16:29) и во продолжението на шампионатот ќе разигруваат за пласман од 17 до 32 место.
Драматична завршница имаше и дуелот помеѓу Ангола и Филипини. Ангола победија 84:81 (21:20,17:14,18:12,17:27,11:8). Репрезентативците на Филипините во регуларниот дел го имаа последниот напад но не успеаја да погодат за победа, а во продолжението имаа пет секунди за напад да изборат ново продолжение или победа, но лошо го организираа тој напад.
Полјаците во минатото коло го добија трилерот против домаќините, а во последната рунда немаа проблем со Брегот на Слонова коска. Слотер, Вашински и колегите со три победи ја завршија последната фаза. Против Брегот на Слоновата коска Полјаците победија 80:63 (20:24, 16:8, 19:17, 25:13).