Крилниот центар на Далас маверикс, Летонецот Кристапс Порзингис е под истрага за силување во Њујорк, откако една жена го обвини за инцидент кој се случил минатата сезона, објавува „Њујорк пост“.
Жената во четвртокот се пожалила на нападот кој се случил пред една година, бидејќи преговарала со кошаркарот да добие 68.000 долари. Адвокатот на Порзингис, Роланд Риопел ги отфрли обвинувањата и претходно ги информирал федералните власти за обид за изнуда на пари.
„Ние уште на 20 декември поднесовме федерална тужба за изнудување на пари, а пред еден месец ги информирамве и во НБА лигата за да се свесни за процедурата. Другите информации ќе ги добиете од ФБИ“, вели Риопел.
Порзингис играше за Њујорк никс и доби повреда на коленото неколку часа пред наводниот напад на 7 февруари во зградата „Скај“ каде што Летонецот живееше. Според жената, која живее во истата зграда, таа прифатила покана во станот на кошаркарот.