Top Sport

Енди Руиз добил милионска понуда за борба со Дилијан Вајт

Енди Руиз се врати на тренинзите откако неодамна загуби во реваншот од Ентони Џошуа во Саудијска Арабија и во исто време остана без сите титули во тешка категорија кои ги освои токму против истиот противник во Њујорк.

Не е познато кога Руиз ќе се врати во рингот, но Еди Херн, моментно најголемиот боксерски промотор во светот, има идеја.

Херн реле дека на Руиз му е помудена седмоцифрена сума пари за да се бори против Дилијан Вајт, боксер кој има само еден пораз во кариерата.

„Ризичен е тоа меч за двајцата. Ако Дилијан загуби, тогаш неговите соништа за титулата се разбиени. Од друга страна, ако загуби Руиз тоа ќе е негов втор врзан пораз, а тоа не изгледа добро“ – смета Херн.

Вајт се натпреваруваше на истата приредба на која Руиз загуби од Џошуа. Тој до 27-от триумф во кариерата стигна по победата над Мариуш Вах.

Scroll to Top