Top Sport

Позната е замена за Харден на Ол стар викендот

НБА лигата експресно го објави името на кошаркарот кој ќе го замени Џејсм Харден на Ол стар натпреварот во Кливленд.

Во тимот на Леброн Џејмс ќе игра Џерет Ален од домашниот Кливленд Кавалирс.

Ален е центар, сезонава има просек од 16,2 поени и 11 скока по натпревар.

Во тимот на Леброн тој ќе седи на клупата заедно со Лука Дончиќ, Џими Батлер, Крис Пол, Донован Мичел, Фред Ванвлит и соиграчот од Кливленд, Дариус Гарланд.

Стартери во тимот на Леброн, покрај капитенот ќе бидат Никола Јокиќ, Јанис Адетокумбо, Стеф Кари и Демар Дерозан.

Ол стар натпреварот ќе се одигра на 21.февруари во 2 часот по средно-европско време.

Scroll to Top