Top Sport

Познати се четврт-финалните двојки во АБА лигата

Партизан со синоќешната драматична победа над Будуќност (83:82), го обезбеди првото место пред плеј-офот од АБА-лигата, а воедно ги отстрани сите дилеми кога се во прашање четвртфиналните двојки. Преостанатите натпревари меѓу Цедевита Олимпија и Звезда, односно Морнари и Игоеа се без резултатско значење.

Во четврт-финалето, кое започнува на 29 април, за двете победи кои водат во полуфиналето ќе се борат: Партизан – СЦ Дерби, Црвена звезда – Задар, Будуќност – Мега, Цедевита Олимпија – ФМП Железник.

Предноста на домашниот терен ќе ја имаат Партизан, Звезда, Будуќност и Цедевита Олимпија.

Познато е и кој со кого ќе игра во полуфиналето. СЦ Дерби-Партизан – Цедевита Олимпија/ФМП, односно Црвена звезда/Задар – Будуќност/Мега. Полуфиналните серии исто така ќе се играат на две победи.

Финалната серија ќе се игра на три добиени натпревари, а во зависност од епилогот од четвртфиналните и полуфиналните дуели зависи кој ќе се бори за тронот.

Од елитното друштво отпадна екипата на МЗТ Скопје, во АБА лигата се врати Крка од Нови Место, а бараж за место во елитата ќе играат Борац од Чачак и Хелиос. За место во АБА лигата потребни се две победи, а предноста на домашниот терен ќе ја има екипата на Чачак.

Scroll to Top