Кошаркарите на Партизан и Реал Мадрид вечерва го играат четвртиот натпревар од плеј-оф серијата на Евролигата. Атмосферата пред „Штарк Арена“ е сосема спротивна од вообичаената.
Навивачите се собираат во близина на северната страна на „Арената“, кои оставаат плишани играчки, цвеќиња и свеќи во знак на сочувство со семејствата и пријателите на загинатите ученици во ОУ „Владислав Рибникар“.
Пред „Арена“ нема песни, навивачите доаѓаат во сѐ поголем број, но во молк и сочувствуваат со големата трагедија.