Top Sport

Предлогот на Виртус одбиен од Евролигата

Спортскиот директор на Виртус Лука Баралди открил дека на челниците на компанијата ЕКА им предложиле промена на системот на натпреварите во Еврокупот.

Поради коронавирусот неизвесно е како ќе се одржи четврт-финалето во Еврокупот бидејќи во Италија до 3 април се суспендирани спортските натпревари. Исто така и другите држави преземаат мерки на претпазливост, поради што е нејасно како ќе се играат натпреварите.

„Во Еврокупот остнаа уште осум екипи. На челниците им предложивме да воведат Фајнал-ејт систем. Добивме негативен одговор. Не сакаат да го менуваат системо“, изјавил Баралди.

Прелогот на Виртус бил да се одбере град каде би се играл турнирот по принципот на елиминации, по еден натпревар во четврт-финалето, полу-финалето и финалето.

Четврт-финалните двојки во Еврокупот се:

Партизан-Уникс
Промитеас-Тофаш
Монако-Виртус
Уникаха-Венеција.

Првите четврт-финални натпревари на програмата се на 17 март.

Scroll to Top