Top Sport

Пресврт на Атланта за 2-2 во серијата против Филаделфија

Атланта Хокс и Лос Анџелес Клиперс го израмнија резултатот на 2-2, во полу-финалните серии против Филаделфија Севентисиксерс, односно Јута Џез.

Атланта во драматичен натпревар, ја победи Филадлефија со 103:100. Гостите имаа осум поени предност во првата четвртина, 13 плус во втората, а во последните две минути влегоа со предност од четири поени. Во тие момент на сцена стапија Тре Јанг и Џон Колинс.

Колинс погоди тројка, потоа Јанг врза четири коша, а овој играч на крајот од линијата за слободни ја потврди победата.

Јанг блескаше со 25 поени и 18 асистенции, Богдан Богдановиќ постигна 22 поени, а Колинс и Клинт Капела имаа дабл-дабл, првиот од 14 поени и 12 скокови, а вториот од 12 поени и 13 скокови.

Филадлегија ја предводеа Тобајас Херис со 20 поени, Џоел Ембид со 17 поени и 21 скок, односно Бен Симонс со 11 поени, 12 скокови и девет асистенции.

Scroll to Top