Top Sport

Пресврт – Обрадовиќ ќе остане во Фенербахче

Најтрофејниот европски кошаркарски тренер Жељко Обрадовиќ и во иднина ќе биде тренер на Фенербахче. Турските медиуми објавија дека Обрадовиќ ги договорил сите детали со клубот околу понатамошната соработка.

Според овие извори во наредните денови соработката ќе биде официјализирана. Обрадовиќ ќе потпише нов две годишен договор.

Во изминатиот период европските медиуми пишуваа дека Обрадовиќ не бил задоволен од многу работи во клубот и дека ќе замине по завршувањето на сезоната.

Медиумите тврдеа дека главен проблем се финансиите, односно дека Фенербахче во наредната сезона ќе влезе со значително намален буџет.

Scroll to Top