Top Sport

Претквалификациите за СП ќе се играат во „балони“

На својот последен состанок, Бордот на европскиот дел од ФИБА го прифати предлогот претквалификациите за Светското првенство во 2023, да се играат во „балони“.

Наместо размена на домаќинства, 12. селекции кои се дел од вториот претквалификациски циклус за места во главните квалификации, ќе играат на четири одвоени турнири одво периодот од 12. до 18. август.
Местата на одигрување на т.н. „балони“ ќе бидат дополнително одредени, откако ќе бидат разгледани сите пријави за организација.

Македонија во Ф-групата, во наведениот период ќе ги одигра натпреварите со Швајцарија и на Словачка.
Првопласираните две селекции од секоја од четирите групи ќе се пласираа во квалификациите за Светското првенство, кое во 2023 година ќе се одржи во Јапонија, Филипини и Индонезија.

Фото/kfsm.mk

Scroll to Top