Кошаркарскиот клуб Приморска ќе престане да постои. Клубот се соочува со огромни финансиски проблеми, нема пари за да продолжи да се натпреварува во домашното првенство и во АБА лигата.
Медиумите во Словенија тврдат дека наскоро клубот ќе прогласи банкрот. Приморска беше формирана пред четири години, кога фузираа Копар и Ластовка.
Приморска се наоѓаше пред гаснење и кон крајот на летото, меѓутоа тогаш клубот успеа да најде инвеститори. Доколку тогаш клубот прогласеше банкрот, местото во АБА лигата ќе му припаднеше на МЗТ Скопје.
Од почетокот на сезоната во АБА лигата, Приморска забележа порази на сите натпревари што ги одигра.
Сезоната во АБА лигата ќе заврши со 13 екипи.
Фото/АБА лига