Top Sport

Приморска се распадна – МЗТ ќе игра во АБА лигата?

Финансиската криза во која подолг период се наоѓа кошаркарскиот клуб Приморска од Копар доживува кулминација. Специјализиранот кошаркарски портал „Спортандо“ објави дека Приморска го распуштиле тимот. Играчите биле известени дека без обесштетување можат да го напуштат клубот.

АБА лигата по ова прашање се уште се нема изјаснето, меѓутоа јасно е дека доколку Приморска ја напушти лигата најмогу шанси да го заземе нејзиното место има МЗТ Скопје Аеродорм.

До стартот на новата сезона во регионалната лига останаа уште 20 дена, челниците на АБА ќе мора во најкус рок да го решат новонастанатиот проблем.

Scroll to Top