Top Sport

Павиќ и Соареш победија на Ју-Ес опен

Бруно Соареш и Мате Павиќ ја освоија титулата во машки двојки на Ју-Ес опен. Бразилско-хрватската комбинација во финалето славеа во два сета (7/5, 6/3) над Никола Мектиќ од Хрватска и Весли Колхоф од Холандија.

Борбата за титулата траеше 92 минути.

Павиќ и Соареш ја освоија првата заедничка гренд слем титула. Павиќ во 2018 година заедно со Оливер Марах победи на Австралија опен, додека Соареш има трофеи на Австталија опен и Ју-Ес опен заедно со Џејми Мареј.

Во Хрватска со особено внимание се следеше финалето, бидејќи двајца тенисери од оваа земја се бореа за титулата. На крајот Павиќ беше поуспешен од Мектиќ. Тој стана првиот Хрватс со титула во двојки на Ју-Ес опен по пауза од 50 години кога пехарот го крена легендарниот Никола Пилиќ.

Scroll to Top