Кошаркарот на Њу Орлеанс Пеликанс – Зајон Вилијамсон и понатаму е повреден и прашање е дали воопшто ќе игра оваа сезона. Летово имаше операција на десното стапало и поради тоа нема настап досега сезонава.
Во текот на опоравувањето од незгодната повреда, Вилијамсон има проблеми и со вишокот килограми. Сега доаѓаат нови лоши вести – чувствува болки во стапалото, па се уште не може да се врати на паркетот иако првичните прогнози беа дека ќе се врати околу Нова година.
„Поради проблемите со десното стапало, Зајон Вилијамсон мораше да оди на дополнителни прегледи кои покажаа одредена неправилност со петицата. Поради тоа дополнително ќе се намали интензитетот и количината на тренинзи за побрзо да се опорави“ се вели во соопштението на „пеликаните“.
Zion Williamson Medical Update:https://t.co/b7NDETbzAB
— New Orleans Pelicans (@PelicansNBA) December 11, 2021