Top Sport

Продолжува доминацијата на Американките во светската кошарка

Кошаркарките на Соединетите Американски Држави четврти пат по ред ја освоија титулата светски шампионки. За нив ова е вкупно 11. титула. Во финалето, Американките очекувано убедливо ја совладаа селекицијата на Кина со 83:61.

Кина беше без најдобрата кошаркарка Ли Менг која не играше во финалето поради болест, добро се држеше во воведната четвртина. Кинеските беа на рамноправно ниво до крајот од првото полувреме, но веќе на почетокот од вториот дел, Американките ја направија клучната разлика кога дојдоа до плус 21 поен предност.

Најдобра во победничкиот состав беше Вилсон со 19 поени, додека на спротивната страна Ли запиша 19 поени.

Бронзениот медал ѝ припадна на Австралија, која славеше со 95:65 над Канада.

Scroll to Top