Белградската полиција запленила автомобил со американски регистарски ознаки чии сопственик е кошаркарот Никола Пековиќ (31). Полицијата при претрес во возилото нашла дрога и оружје.
Во моментот кога белградската полиција извршила претрес, во автомобилот бил телохранителот на Пековиќ и уште едно лице, кај кого била пронајдена дрогата. Двете лице се уапсени.
Засега не е познато дали Пековиќ е вмешан во криминални активности. Пековиќ од 2010 до 2017 година играше во НБА лигата, во Минесота Тимбервулвс, две години додека играше во САД беше и претседател на кошаркарскиот клуб Партизан. Според српските медиуми тој се занимава со продажба на луксузни апартмани.
Истите извори пренесуваат дека Пековиќ е близок со браќата Душко и Дарко Шариќ. На Дарко Шариќ му се суди за шверц на повеќе од тони кокаин од Јужна Америка.