Top Sport

Прв меч од регуларната сезона во НБА во Париз

Шарлот хорнетс и Милвоки бакс ќе играат во прв меч од регуларната сезона во Париз следната сезона, потврдија од НБА лигата. Мечот ќе се оддржи во „Акорхотелс арената“ на 24 јануари 2020 година, каде што претходно се оддржуваа мечеви од пред-сезоната во НБА.

„Нашиот меч во Париз ќе го покаже глобалниот раст на кошарката во еден од големите светски градови. Франција има рекорден број на кошаркари во лигата и затоа решивме да им донесеме искуство на луѓето од Париз“, вели комесарот на НБА, Адам Силвер.

Претседателот на Хорнетс, Мајкл Џордан вели дека е горд што неговиот тим ќе игра во Париз.

„Шарлот хорнетс се горди што имаат шанса да учествуваат во првиот меч од регуларната сезона во Париз. Јас во мојата кариера играв пред-сезона во Франција и ја почувствував страста на француските навивачи за НБА кошарка“, вели легендарниот Џордан.

Scroll to Top