Top Sport

Прв пат по 1979 година „мајсторки“ се играат во двете конференции

Мајсторките, односно седмите натпревари, ќе го формираат финалниот двоец што ќе се бори за титулата во најдобрата кошаркарска лига во светот, НБА. Голден Стејт, убедливо го поразија Хјустон и се изборија за седми меч, што ден претходно Леброн Џејмс им го овозможи на своите Кливленд Кавалирс, во серијата со Бостон.

Последен пат, конференциските финалиња, во седмиот меч биле одлучувани пред пред речиси четири децении, во 1979 година.

Тогаш, во финалето во Источната конференција, играче Вашингтон Булитс (сега Визардс) и Сан Антонио Спарс. Екипата од Сан Антонио до 1980 година се натпреварувала во Источната конференција, во НБА лигата.

Вашингтон, пре 30 години, успеале негативата од 1:3 во победи, да ја претворат во конечен триумф од 4:3.

На Западот, во финалето играле Феникс Санс и Сиетл Суперсоникс. Кошаркарите на Сител мајсторката ја решиле со 114:110.

Во големото финале Суперсоникс славеле по пет одиграни натпревари.

Scroll to Top