Top Sport

Не е само Салах и Карвахал под знак прашање за СП

Синоќешното финале во Лигата на шампионите нема да им остане во убави спомени на двајца фудбалери, Дани Карвахал од Реал и Мохамед Салах од Ливерпул. Двајцата уште во првото полувреме го завршија натпреварот.

Првичните информации говорат дека Мохамед Салах поради повредата на десното рамо ќе го пропушти Светското првенство, а истата судбина му се заканува и на десниот бек на Реал, Дани Карвахал.

Карвахал, во финишот на првото полувреме, го напушти теренот поради повредата на бутниот мускул на десната нога (задња ложа).

foto: epa

Десниот бек, со истата повреда се здоби и во финалето пред две години. Поради таа повреда Карвахал го пропушти Европското првенство во Франција.

Доколку Карвахал не биде во можност да патува во Русија, негова алтернатива веројатно ќе биде играчот на Арсенал Ектор Бељерин.

Scroll to Top