Второто коло на Светското првенство во Кина го донесе првото големо изненадување. Репрезентацијата на Германија, во Г-групата, го доживеа вториот порази со што остана без шанси за пласман во вториот круг. Германците ќе останат во Кина и ќе разигруваат за пласман од 17 до 32 место.
Откако во неизвесен меч, во првата рунда, беа поразени од Франција, Германците го загубија и мечот од Доминиканска Република 70:68. Клуч за победата на Доминикана беше серијата од 10:0 во финишот на втората и почетокот на третата четвртина. Доминиканците се одлепија во тие моменти на осум поени разлика која Германците не успеаја да ја стигнат, иако имаа напад за победа, меѓутоа целата акција ја расипа НБА-ѕвездата Денис Шрудер.
Доминикана до победата ги предводеше Виктор Лис со 17 поени, поен помалку постигна Елој Варгас. Кај Германците најефикасен беше Шрудер со 20 поени, но со лоша реализација од поел 5/18.
Во последното коло Доминикана со Франција ќе се борат за првото место во групата.
Теоретски шанси за пласман во втората фаза има селекцијата на Црна Гора по поразот од Нов Зеланд 83:93. Црна Гора веќе има два порази и за пласман во вториот круг ќе им треба голема победа над Бразил, а во исто така Бразил и Нв Зеланд да загубат од Франција.
Австралија во Х-групата со втората победа избори пласман во втората рунда. „Кенгурите“ го совладаа Сенегал 81:68. Блескаше на овој меч играчот на Јута Џез, Џо Инглс. Поранпниот играч на Барселона мечот го заврши со 17 поени, 10 скока и 9 асистенции.
Чесите по поразот од САД во првото коло го забележаа првиот триумф во Е-групата. Чешка славее над Јапонија 89:76. Блејк Шилб постигна 22 поени, ист број на поени забележа Јаромир Бохачик, а Томаш Саторански имаше учинок од 15 поени, 7 скока и 6 асистенции.