Top Sport

„Пушев трева и добив визија дека ќе станеме светски шампиони“

Поранешниот српски репрезентативец Дејан Котуровиќ во интервју за „Балкан инфо“ открил дека под дејство на марихуана имал визија дека Југославија во 2002 ќе ја освои светската титула на превенството во Индијанаполис.

Котуровиќ пушел марихуана во периодот кога бил играч на Алба од Берлин.

„Не пушев редовно. Се сеќаван дека тренерот еднаш ме ослободи од обврските цела недела. Со мојот пријател Американец и еден негови пријател Германец секој ден од понеделник до петок палевме по еден џоинт. Забележав дека тоа ме спаси од некои болки. Потоа продолжив редовно да пушам. Заклучив дека тоа не е лесна дрога туку е лек, подоцна ми стана јасно дека тоа и не е баш така“, рекол Котуровиќ.

Престанал да пуши марихуана кога требало да се јави на подготвките на репрезентацијата за СП во Индијанаполис.

„Пријател ме предупреди дека треба да престанам. Добро си реков ќе бидам чист. Легнав во креветот и буквално добив визија. Не видов, ја видов целата репрезентација како се качува на победничкиот пиедестал, а јас сум прогласен за МВП на турнирот. Навистина силна и убава визија. Не сум видовит, но тоа навистина се случи“.

Југославија навистина стана светски првак во 2002 година. Селекцијата предводена од селекторот Светислав Пешиќ во која играа Владе Дивац, Предраг Стојаковиќ, Дејан Бодирога, Марко Јариќ, Дејан Томашевиќ…во финалето про продолженијата ја победи Аргентина со 84:77. МВП на турнирот беше Дирк Новицки кој со Германија го освои третото место.

Котуровиќ на СП имал просек од 6,6 поени, 4,4 скока и 1,2 асистенции по натпревар.

Scroll to Top