Top Sport

Вујовиќ замина од ППД Загреб

Веселин Вујовиќ повеќе не е тренер на ракометарите на Загреб. Црногорскиот тренер во својот втор мандат во Загреб на клупата на ракометниот клуб се задржа шест месеци.

„Веселин Вујовиќ повеќе не е тренер на ППД Загреб. Од позицијата отстапи од лични причини. Му посакуваме среќа во понатамошната работа. Благодариме Вујо“, стои во клупското соопштение.

Вујовиќ кон крајот на минатата година го наследи на клупата Бранко Тамше кој си замина поради лошите резултати. Во првиот мандат Вујо го предводел Загреб од 2014 до 2016 година.

Инаку Хрватите пред три недели ја поништија сезоната во ракометното првенство, што значи дека Загреб пра пат по 28 години нема да биде шампион.

Scroll to Top